По повеќе од три месеци, во Македонија веќе нема општа забрана за движење во ноќните часови, со што беше укината една од последните рестриктивни мерки во пандемијата.
- Владата вчера го укина полицискиот час, што беше воведен на 10 март и последно траеше од полноќ до четири часот.
- Се враќа старото работно време на угостителските објекти без ограничувања, со тоа што ќе смеат да работат само во отворените делови.
- Се дозволува организирање настапи на отворено, при што капацитетот ќе биде ограничен на 50%, а бројот на посетители на 1.000.
- Владата претходно ја укина мерката за задолжително носење маска на отворено.
- Во изминатите седум дена, во Македонија се регистрирани 143 нови случаи на коронавирус и 14 починати.
- Бројот на активни случаи на зараза падна на 420.