РАЗМИСЛУВАВ, НО НЕМА ДА СЕ ПЕНЗИОНИРАМ СО РИМЕЈК НА „КАСАПСКИ КУЧИЊА“, ВЕЛИ ТАРАНТИНО

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Квентин Тарантино повтори дека останува на ставот да се пензионира со следниот филм и откри дека размислувал тоа да биде со нова верзија на неговиот култен филм „Касапски кучиња“.

Во интервјуто со комичарот Бил Мар, двојниот оскаровец кажа дека е во фаза од животот и кариерата кога знае дека веќе не може да направи ништо подобро.

„Добро ја познавам филмската историја и знам дека режисерите не стануваат подобри кон крајот на кариерата“, вели Тарантино.

Промовирајќи ја книгата за својот претходен филм „Беше еднаш во Холивуд“, Тарантино откри дека едно време размислувал последниот, десетти филм да му биде неговиот прв, „Касапски кучиња“.

„Навистина размислував да направам римејк на ‘Касапски кучиња’ како мој последен филм. Но, интернету, нема да го направам тоа. Само размислував“, кажа режисерот и сценарист, без да наведе што планира во иднина.