РАСПРОДАДЕН ВЕЧЕРАШНИОТ КОНЦЕРТ НА „ВАСИЛ ХАЏИМАНОВ ТРИО“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Распродаден е вечерашниот концерт на триото на српскиот џез музичар Васил Хаџиманов, велат од Скопско лето. Хаџиманов (клавијатури) ќе настапи во 21 часот во Куршумли ан со Мартин Ѓаконовски на контрабас и Алек Секуловски на тапани.

„Васил Хаџиманов е неизбежна алка во српскиот џез од крајот на 20. век наваму. Уметник кој остава голема трага во балканското музичко и културно наследство. Уште од првите лекции што во светот на џезот му ги даде Војин Драскоци, светски познат басист и композитор, Хаџиманов го следеше својот свет на бои и звуци сè до музичкиот колеџ Беркли“, најавува фестивалот.

На Скопско лето за денеска е најавена и изложбата „По патот на нивната младост“ во Дом на АРМ, по повод 80 години од Народното востание.