„ФОЛТИН“ ГО ПРОМОВИРАШЕ НОВИОТ МИНИАЛБУМ СО ЧЕТИРИ ПЕСНИ (ВИДЕО)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Фолтин“ денеска на пладне го промовираше своето најново студиско издание, миниалбумот „Симултан бакнеж“.

Паралелно беше објавен спотот за песната „Кој може да расипе еден ваков ден“, една од четирите кои се наоѓаат на албумот. Албумот е објавен под етикетата на „ОХО продукција“, а го продуцираше Пеце Талески. Обвивката на албумот е дело на режисерот на „Исцелител“, Ѓорче Ставрески.

„Фолтин“ е еден од најактивните бендови во Македонија и „Симултан бакнеж“ е негово 13. студиско издание.