Првиот самостоен филм за ликот на Блек Видоу, со Скарлет Јохансон во насловната улога заработи 80 милиони долари во киносалите во САД во првиот викенд на прикажување, и со тоа е филм со најголема заработка во прв викенд од почетокот на пандемијата.
Блокбастерот на „Марвел“ се најде во понудата на стриминг платформата „Дизни+“ , каде се изнајмува за 30 долари, и така за еден викенд заработи 60 милиони долари. Филмот заработи и дополнителни 78 милиони долари од 46 земји. Збирната сума од киносалите и стриминг платформата е 215 милиони долари.
„Блек Видоу“ оригинално требаше да излезе лани на 20 мај.
Холивудската ѕвезда веќе го играше ликот, чие вистинско име е Наташа Романоф, во осум филмови на „Марвел“, како „Ајрон Мен 2“, „Капетанка Марвел“ и трите дела на „Одмаздници“. Романоф е поранешна атентаторка на КГБ и агентка на ШИЛД, фиктивната антитерористичка организација на „Марвел“.
Јохансон е, исто така, извршна продуцентка на филмот, кој го режираше Кејт Шортленд, а во другите улоги се Флоренс Пју, Рејчел Вајс, Дејвид Харбор, како и македонската актерка Симона Живковска.