Вокалистот, композитор и гитарист Крсте Роџевски, кој живее во Њујорк, на 22 јули ќе има концерт во Куршумли ан во Скопје, со кој ќе се одбележат 30 години од постоењето на музичкото радио – Канал 103. Концертот е веќе распродаден.
„Овој настап на Роџевски, кој своите почетоци ги бележи во 90-тите во Битола, заедно со група музичари од која подоцна ќе произлезат ‘Фолтин’ и ‘Љубојна’, е најавен како своевидна акустична прошетка низ најинтересните ќошиња од неговите четири њујоршки албуми што ја заинтригираа светската не само џез критика и публика: „Батанија“ (2015), „Горчливи бадеми“ (2017), „Зајакот и паднатиот јавор“ (2018) и „Hubris“ (2020).
Концертот е во 21:30 часот, а поддржан е од Министерството за култура и Институтот „Јунус Емре“.