НЕМА ДА НАСТАПУВАМ СЀ ДОДЕКА ТАТКО МИ ОДЛУЧУВА ЗА МОЈОТ ЖИВОТ, ВЕЛИ БРИТНИ СПИРС

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Бритни Спирс изјави дека нема да настапува сѐ додека нејзиниот татко ја држи контролата врз нејзината кариера, како дел од старателството кое го доби тој во 2018.

Судот во Лос Анџелес на 1 јули го одби барањето на Спирс да му се одземе старателството на татко ѝ врз нејзините деловни работи. Поп ѕвездата во ноември минатата година побара од судот да го прекине старателството што пред 13 години му беше доделено на Џејми Спирс, во периодот кога таа доживеа нервен слом и имаше грижи за нејзината ментална состојба.

„Ова старателство ми ги уништи соништата. Сѐ што ми остана е надежта“, напиша пејачката на Инстаграм, нарекувајќи го старателството злоставување.

„Нема да настапувам на ниту една сцена, сѐ дека мојот татко одлучува што да облечам, што да кажам или како да мислам. Наместо од сцена во Лас Вегас, ќе споделувам видеа од мојата дневна соба“, вели таа, која нема настапено од крајот на 2018.