Креаторите на анимираната серија „Саут Парк“ потпишаа договор со американскиот медиумски гигант „Вијаком Си-Би-Ес“, вреден 900 милиони долари. Според договорот, Треј Паркер и Мет Стоун ќе прават нови епизоди од серијата за ТВ-мрежата „Комеди сентрал“, а ќе создадат и повеќе од десет спиноф филмови за стриминг платформата на „Вијаком“, „Парамаунт+“.
Првиот проект е филм за „Саут Парк“, кој треба да излезе подоцна оваа година.
Договорот има важност до 2027 година и предвидува шест нови сезони од серијата и 14 филмови.
„‘Комеди сентрал‘ е нашиот дом веќе 25 години и ќе бидеме многу среќни ако остане и во наредните 75“, изјавија Паркер и Стоун.
„Саут Парк“ дебитираше во 1997 година и досега се излезени повеќе од 300 епизоди, како и еден филм.