РОБЕРТ ПЛАНТ ПО 14 ГОДИНИ СНИМИ НОВ АЛБУМ СО ФОЛК ПЕЈАЧКАТА АЛИСОН КРАУС

Њујорк, (АП)

Роберт Плант и Алисон Краус се обединија за уште еден албум, 14 години откако нивната прва соработка „Raising Sand“ оствари голем успех и освои шест Греми награди.

„Raise the Roof“, кој содржи 12 песни, ќе биде објавен на 19 ноември и како и претходникот, претставува компилација на обработки. Тој бил довршен во Нешвил две недели пред да почнат строгите рестрикции во 2020.

На новиот албум, бившиот фронтмен на „Лед Цепелин“ и американската фолк пејачка пеат песни од американски и британски музичари, од кои повеќето се помалку познати за пошироката јавност. Тие планираат и турнеја за следната година.