ТУРИЗМОТ ВО ПАРИЗ ПАК ЦУТИ БЛАГОДАРЕНИЕ НА „НЕТФЛИКС“

Париз, (ДПА)

Серии на стриминг гигантот „Нетфликс“ снимени во Франција ги привлекоа туристите во француските градови. Според „Експрес“, благодарение на серииите како „Емили во Париз“, „Лупин“, „Марсеј“, странските туристи одат на означените локации кои се прикажани во сериите, за да одат по стапките на нивните омилени ликови.

Уште во 2018 анкетите покажале дека 74 отсто од туристите , кои гледале филм или серија снимена во Франција, изјавиле дека тоа ги заинтересирало да ја посетат земјата.

Така, оние туристи кои се презаситени од Ајфеловата кула и музејот Лувр, ги посетуваат локациите од серијата „Емили во Париз“. Француската метропола е полна со туристи, кои си прават самослик на некои од местата во серијата.

Ресторанот, кој беше актуелен и често посетуван од главниот лик Емили, сега има и свое мени „Емили“. Книжарницата, која исто често се појавува во серијата, сега има голем наплив од читатели. Снимањето на втората сезона од серијата „Емили во Париз“  заврши и тоа навестува  уште еден голем наплив од обожаватели во Градот на светлината.