ПАРИЗ ЈА НАМАЛИ МАКСИМАЛНАТА БРЗИНА НА ВОЗЕЊЕ НА 30 КМ/ЧАС

Париз, (Дојче веле)

Париз ја намали максимално дозволената брзина на возење на повеќето улици со цел да се намалат бројот на автомобили и звучното загадување во градот.

Од понеделникот, на повеќето улици може да се вози со најмногу 30 километри на час и оваа одлука на градските власти доби поддршка од 59% парижани. Новата максимална брзина не се однесува само на главните обиколници и на автопатиштата.

Градските власти ја изгласаа новата мерка во јули, сметајќи дека така ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот, ќе се отвори повеќе простор за велосипедистите, ќе се намали бучавата и ќе се штити климата.

„Целта е да се намали просторот заземен од автомобили“, изјави заменик градоначалникот на Париз, Давид Бејард.

Освен тоа што отвори нови велосипедски патеки, градоначалничката Ан Идалго планира и да отстрани 60.000 од сегашните 140.000 паркинг места на градските улици.