КИНА ЈА СЛАВИ МЛАДАТА ТЕНИСКА ЅВЕЗДА ЕМА РАДУКАНУ ПОРАДИ НЕЈЗИНОТО ПОТЕКЛО

Њујорк, (Би-Би-Си)

На социјалните мрежи во Кина се слави младата британска тениска ѕвезда Ема Радукану, не само поради историскиот триумф на Отвореното првенство на САД, туку и поради нејзиното кинеско потекло.

Осумнаесетгодишната Радукану е родена во Канада, при што татко ѝ е од Романија, а мајка ѝ од Кина, а на две години се преселила во Велика Британија. Многумина на кинеската социјална мрежа Веибо ја нарекуваат девојка од Донгбеи, алудирајќи на градот од кој потекнува мајка ѝ. Видеото во кое Радукану се заблагодарува на мандарински исто така стана многу популарно на интернет.

Во интервјуата, Радукану често им оддава почит на мајка ѝ и на таа страна од семејството.

„Тие се ментално многу силни. Голем дел од инспирацијата црпам од мајка ми. Таа работеше многу напорно во животот и од неа многу научив за дисциплина и почит“, кажа Радукану.

Во саботното финале, Радукану ја победи Лејла Фернандез, Канаѓанка со еквадорско-филипинско потекло и притоа постави низа рекорди. Tаа е првата квалификантка која освоила гренд слем титула и беше на 338. место на ВТА-листата пред Вимблдон летоска, кога дебитираше на гренд слем турнирите. На денешното рангирање скокна од 150. на 23. место.