За сите деца кои сонуваат да бидат Џејмс Бонд пристигна идеалниот автомобил, точно навреме пред долгоочекуваната премиера на „Не е време за умирање“ на 28 септември.
Компанијата за играчки „Литл кар“ создаде реплика на класичниот автомобил на Бонд, наречена „астон мартин ДБ5 јуниор“. Опремата вклучува митралези во фаровите, регистарски таблички што се превртуваат и апарат за чадна завеса. Вистинскиот „ДБ5“ првпат се појави во филмот „Голдфингер“ од 1964 година.
Производителот направил 3-Д скенирање на оригиналниот автомобил за да се осигура дека пропорциите на намалената верзија се совршени. Максималната брзина на автомобилот е 70 километри на час, но сопственикот ќе мора да го вози на приватен имот зашто репликата нема дозвола за возење. Оваа играчка автомобил чини 124.000 долари, а ќе се произведе во 125 примероци.