Речиси две третини од швајцарските гласачи ги поддржаа истополовите бракови на референдумот што се одржа вчера. Околу 64% гласачи се изјаснија позитивно, со што Швајцарија стана една од последните западноевропски држави која ги легализираше геј браковите. Референдумот беше успешен, и покрај силното спротивставување на верските групи и конзервативните политички партии.

Швајцарија уште во 2007 година им дозволи на истополовите двојки да се регистрираат, но некои права им беа ограничени. Тие отсега ќе смеат да посвојуваат деца, а венчаните женски двојки да имаат четири деца преку донација на сперма.

Швајцарија е 30. држава во светот која ги озакони геј браковите, што во изминатите 20 години го направи најголем дел од западна Европа. Министерката за правда Карин Келер-Сутер изјави дека првите бракови ќе можат да се склучат во јули следната година.