Албум на Дејвид Боуви кој никогаш официјално не бил објавен ќе биде промовиран на ден пред она што ќе беше неговиот 75. роденден. Боуви е роден на 8 јануари 1947, а почина на 10 јануари 2016.
„Играчка“ (Toy), кој беше снимен во 2001 и се појави нелегално онлајн во 2011, ќе излезе на 7 јануари како дел од комплет со три цедиња. Боуви на овој албум снимил комбинација од нов материјал и обновени верзии на некои рани песни.
Според продуцентот на легендарниот музичар Марк Плати, албумот го доловува звукот на луѓето кои се среќни што прават музика.
„’Играчка’ е како момент во времето, заробен во среќа, оган и енергија. Среќен сум што можам да кажам дека тој сега конечно им припаѓа на сите“, изјави Плати.
Боуви се надевал дека албумот ќе биде издаден, но неговата тогашна издавачка куќа „Вирџин“ беше помалку ентузијастичка и го складираше. Тој потоа се фокусираше на она што во 2002 ќе стане албумот „Неверник“ (Heathen).