Турско-руска двојка доби 21 бебе преку сурогат мајки за нешто повеќе од една година и вели дека сака да ги има 105. Дваесет и четиригодишната Кристина Озтурк, која е мажена за турскиот милионер Галип Озтурк, инсистира дека е многу ангажирана мајка, иако досега имаат потрошено 80.500 евра на 16 дадилки.
Двојката исто така платила 168.000 евра за сурогат мајки во периодот од март 2020 до јули годинава. Озтурк има и шестгодишна ќерка од претходна врска, која исто така живее со нив во трикатна вила.
„Јас сум со децата цело време и ги правам сите работи што мајките обично ги прават“, вели таа.
Додаде дека со 57-годишниот Галип, кој поседува ланец на хотели, се решиле за сурогат мајки зашто сакале да имаат многу деца што е можно побрзо. Нивното прво дете Мустафа се роди во март 2020, а најновиот член на семејството Џуди има само три месеци.
„Можам едно да ви кажам: никогаш не ми е здодевно. Секој ден е различен“, вели Кристина, која троши 4.700 евра месечно за бебешките работи.