ДУБАИ ГО ДОБИ НАЈГОЛЕМОТО И НАЈВИСОКО ПАНОРАМСКО ТРКАЛО НА СВЕТОТ

Дубаи, (НПР)

Дубаи го промовираше своето ново панорамско тркало како најголемо и највисоко на светот. Лоцирано на островот Блувотерс, тркалото наречено Аин Дубаи е високо 250 метри, а за изградбата биле потребни околу 11.200 тони железо.

За споредба, лондонското панорамско тркало е високо 134 метри, а она во Лас Вегас 167 метри.

Аин Дубаи е рекордер и по бројот на лица кои можат да се возат на него, 1.750, додека тркалото во Лас Вегас може да прими до 1.120 луѓе.

Возењето на Аин Дубаи нема да биде така брзо и кратко: еден цел круг трае околу 38 минути, а дозволени се храна и пијалаци.