Една од најоригиналните појави во историјата на рок музиката Френк Запа е на репертоарот на вечерашниот концерт во Филхармонијата, кој почнува во 20 часот.
Музиката на Запа, која изобилува со импровизации и експерименти, ќе ја изведува Биг бенд оркестарот на Здружението на џез музичари, со кој ќе диригира Австриецот Зиги Фајгл.
Запа (1940-1993) бил исклучително плоден и креативен музичар, кој за животот снимил 62 албуми, а постхумно се објавени уште 57.