„Неславни прикази“ е насловена втората самостојна изложба на академскиот сликар Антонио Јаневски, што се отвори во Ликовниот салон во Велес. Поставени се десетина дела, создадени во последните години.
„Мотивите се неконвенционални. како во моето претходно сликарско творештво. Работам друг вид процеси и креирање, создавам уметничко истражување во студиото. Дел се масло на платно, секоја работена во период од два-три месеци како одраз на моето моментално расположение и идеја. Сум цртал со една мисла, па потоа врз дел од нив со други бои. Во втората фаза создавав дигитални дела, таму компонирањето нема граници. Се враќаат потези, имам слобода“, кажа велешанецот Јаневски.
Антонио Јаневски има завршено Факултет за ликовни уметности во Скопје во класата на Димитар Малиданов и Славица Јанашлиева. Магистрирал во 2016 кај професорот Благоја Маневски, кој беше промотор на изложбата.
П. ПЕЧКОВ