Индијката Харназ Санду е избрана за 70. Мис универзум, победувајќи во конкуренција на 80 натпреварувачки. Досегашната Мис Андреа Меса од Мексико ја круниса боливудската актерка на свеченоста во израелскиот град Еилат. Изборот се одржа среде ноќ, па победничката беше прогласена во пет часот по локално време, со цел да се совпадне со ударниот термин во САД.
„Пресреќна сум, зашто поминаа 21 година откако Индија за последен пат имала Мис универзум“, изјави 21-годишната Санду.
За првата и втората придружничка беа избрани Надија Фереира од Парагвај и Лалела Мсване од Јужна Африка.
Организаторите решија настанот да се одржи и покрај тоа што Израел неодамна повторно ги затвори границите за странци поради појавата на сојот омикрон. Голем дел од учесничките веќе беа дојдени во земјата и француската претставничка Клеменс Ботино потоа имаше позитивен тест за коронавирус.