МАЛТА ПРВА ВО ЕВРОПА ЌЕ ЈА ЛЕГАЛИЗИРА МАРИХУАНАТА

Ла Валета, (Гардијан)

Малта оваа недела ќе стане првата европска држава која ќе ги легализира одгледувањето и поседувањето марихуана за лични потреби, претркувајќи го Луксембург, кој го најави ова во октомври. Поседувањето на најмногу седум грама ќе биде легално за сите над 18 години, а во домашни услови ќе смеат да се одгледуваат до четири стебла марихуана и да се чуваат до 50 грама сушен производ.

„Парламентот утре ќе гласа за законот, по што ќе го потпише претседателот и до викендот ќе може да стапи на сила“, изјави министерот за истражување и иновации Овен Боничи.

Потегот на Малта е само најава на големите реформи во Европа по ова прашање. Новата германска влада кажа дека ќе воспостави законски регулиран пазар на марихуаната, Италија ќе одржи референдум, додека Холандија конечно планира да го уреди производството.

„Ние не сакаме да ја охрабриме рекреативната употреба на дроги, но нема докази дека консумирањето марихуана води кон потешки супстанци“, кажа Боничи.

Поседувањето до 28 грама марихуана ќе се казнува со 50 до 100 евра, без отворање полициско досие, додека малолетниците ќе одат пред комисија.