НЕНАД ГЕОРГИЕВСКИ ЈА ПРОМОВИРА ТРЕТАТА КНИГА МУЗИЧКИ ИНТЕРВЈУА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Уште музика, уште муабети“ е третата колекција музички интервјуа на новинарот Ненад Георгиевски, што ќе биде промовирана вечерва од 20 часот во скопското кафуле „Глуво куче“. Милан Дамјановски ќе биде промотор на книгата, што ја објави издавачката куќа „Полица“.

Во книгата се собрани 70 интервјуа со музичари, новинари, фотографи и автори, што вклучува и светски познати имиња како Филип Глас, Макс Рихтер, Анушка Шанкар, „Дед кен денс“ и Енио Мориконе. Ова се интервјуа што Георгиевски ги правел во изминатите години, а кои биле обработени за време на пандемијата.