ШЕСТ МЕДАЛИ ЗА МАКЕДОНИЈА НА ЈУНИОРСКАТА ОЛИМПИЈАДА ПО ПРИРОДНИ НАУКИ ВО ДУБАИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонските ученици освоија шест медали на 18. Јуниорска олимпијада по природни науки, чиј домаќин беше Дубаи од 12 до 21 декември. Таа се одржа според хибриден модел, при што еден лидер присуствуваше на самото место, додека учениците ги решаваа проблемите на далечина, на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Македонија имаше шестмина учесници и сите се закитија со трофеј. Алексиј Тасиќ, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје, се издвои со освојувањето на сребрен медал, додека Иван Костевски, Марио Ванчоски (прва година во УСО Славчо Стојменски“ од Штип), Андреј Стојановски, Матеа Митревска (прва година во ПСУ Јахја Кемал“ од Скопје) и Теона Ана Георгиевска (деветто одделение во ООУ Љубен Лапе“ од Скопје) го завршија настапот со бронза.

На претходната Олимпијада во Доха во 2019 учениците од Македонија освоија пет медали. Овојпат учествуваа 360 деца од 59 држави од сите континенти, при што се решаваа теориски и експериментални проблеми по физика, хемија и биологија.