Цртежите на старата велешка архитектура, изработени од ученици од основните училишта во Велес, се поставени во Градската библиотека „Гоце Делчев“. Учениците од шест училишта биле дел од работилницата на Државниот архив во Велес.
„Преку своите цртежи, младите учесници имаа можност да го откријат богатото архитектонско наследство на Велес и да научат повеќе за документите што трајно се чуваат во велешкиот архив“, соопштија од Велешката библиотека.
На учениците им биле претставени слики од старата градска архитектура, од стари објекти кои веќе не постојат, и истите биле нацртани.
Цртежите ги презентираат не само градбите, туку и архитектите кои ги изработувале куќите на велешани во периодот меѓу двете светски војни, како Иван Артемушкин, Николај Солонцев и Славко Гајдов.
П. ПЕЧКОВ