„МАТРИКС 4“ ОД ДЕНЕСКА ВО СИНЕПЛЕКС И МИЛЕНИУМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Четвртиот дел на научно-фантастичниот серијал „Матрикс“, насловен „Воскреснувања“, од денеска игра во скопските кина Синеплекс и Милениум. Оригиналниот филм „Матрикс“ излезе во 1999 и предизвика револуција во жанрот, па следеа уште две продолженија во 2003.

Кијану Ривс и Кери-Ен Мос повторно се во главните улоги, а додека првите три филма беа режирани од браќата Вачовски, кои во меѓувреме сменија пол и станаа жени, новиот „Матрикс“ е дело само на Лана Вачовски.