АМЕРИКАНКАТА ЕЛИША СИЛВЕРСТИН ГОСТУВА НА ПРВИОТ КОНЦЕРТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА ВО 2022

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Американската виолинистка Елиша Силверстин ќе биде солистка на вечерашниот концерт на Филхармонијата (20 часот), прв во новата година. Со концертот насловен „Галантна Индија“ ќе диригира Габриел Бебешелеа, а како гостин ќе настапи и српскиот чембалист Предраг Госта.

На репертоарот ќе бидат дела од двајца барокни француски композитори: Жан Филип Рамо и Филип Болоњ, попознат како Шевалие де Сен-Жорж, кого музичките историчари го нарекуваат црниот Моцарт.

Во најавата на концертот, Филхармонијата ја опишува Силверстин како една од највпечатливите американски виолинистки од помладата генерација, чија пасија е изведувањето на барокната музика.