Повеќе од 20 домашни групи и музичари ќе настапат на јубилејното десетто издание на фестивалот Земјотрес, што ќе се одржи вечерва во Младински културен центар во Скопје. Стартот е во 19 часот.
На настанот што е предвидено да трае девет часа ќе се промовира „свежа, домашна, независна музика“, а ќе бидат опфатени најразлични стилови, од метал преку џез до електроника. Меѓу најавените имиња се „Кантон6“, „Луфтханза“, Марија Каева, „Деменси“, „Мирко Попов квартет“, „Рум 313“, Марко Рикалоски…
Ќе има три бини, а поради пандемијата, бројот на посетители е ограничен на 50% од капацитетот на МКЦ.