ТВОРЕШТВОТО НА СКУЛПТОРОТ АНЃЕЛ ДИМОВСКИ-ЧАУШ НА ИЗЛОЖБА ВО МАНУ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во Ликовниот салон на МАНУ вечерва во 20 часот се отвора самостојната изложба на скулпторот Анѓел Димовски-Чауш. Таа ќе содржи 60 негови дела (скулптури, цртежи, објекти), изработени во различни материјали, како бронза, дрво, алуминиум и мермер.

Поставката го покрива целокупното 50-годишно творештво на авторот, а вклучени се и дела изработени во последните неколку години, кои досега не се изложувани.

Изложбата ќе може да се погледне до крајот на март, а ќе ја отвори академик Васко Ташковски.