ЖИТЕЛИТЕ НА ЛАВОВ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ДА ГИ ЗАШТИТАТ ИСТОРИСКИТЕ СПОМЕНИЦИ ОД РУСКИТЕ ГРАНАТИ

Лавов, (Си-Ен-Ен)

Жителите на украинската културна престолнина Лавов ги здружија напорите за да ги заштитат своите историски споменици, додека се засилува руската инвазија низ земјата, која е проследена со жестоки гранатирања на градовите.

На централниот плоштад, жителите ги завиткаа скулптурите на римскиот бог Нептун и на грчката божица Амфитрита во пластика. Истото е направено и со камените статуи на Адонис и Дијана, стари повеќе од 200 години, како и со придружните фонтани што се наоѓаат во аглите на плоштадот.

(Фото: Гети)

Пред катедралата од 14. век стои помала статус, која сега е обезбедена со пена и лента.

Фондацијата за заштита на архитектонски и историски споменици на Лавов објави фотографии како се заштитуваат и други стари цркви во градот.

(Фото: Гети)

„Се надеваме дека овие превентивни мерки нема да бидат тестирани со вистински експлозии. Им благодариме на сите кои учествуваа, вака се искажува љубов кон украинското културно наследство“, кажаа од фондацијата.

Лавов, кој се наоѓа близу полската граница, досега беше поштеден од бомбардирања, за разлика од Киев, Харкив и особено Мариупол.