Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми стана првиот активен фудбалер на Динамо кој добил мурал во Загреб. Тој денеска го посети муралот што му го посветија навивачите и го потпиша со спреј.
„Сакам од срце да им се заблагодарам на сите. Ова е голема чест за секој фудбалер. Пресреќен сум и горд со муралот што ми го посветија навивачите“, изјави Адеми.
Адеми, кој е роден во Шибеник, е најтрофејниот играч во историјата на Динамо, за кој настапува од 2010. Тој е клупски рекордер според бројот на настапите во еврокуповите и седми на листата на стрелците.