„Нетфликс“ ги суспендираше своите услуги во Русија во знак на протест против инвазијата на Украина.

Оваа радикална мерка следува откако стриминг гигантот во почетокот на минатата недела објави дека ги паузира сите проекти во Русија, каде што има околу еден милион претплатници, придружувајќи се на низа светски компании и брендови кои ги прекинаа врските со оваа земја. „Нетфликс“ работеше на четири оригинални содржини во Русија.

„Имајќи ги предвид околностите на терен, решивме целосно да ги суспендираме нашите услуги во Русија“, изјави портпарол на „Нетфликс“.

Бројни компании како „Мајкрософт“, „Епл“, „Хајнекен“, „Самсунг“, „Зара“ и „Х&М“ објавија дека запираат со продажбите и испораките во Русија.