Илон Маск и пејачката Грајмс го добиле второто дете преку сурогат мајка, девојче крстено Exa Dark Sideræl, чиј прекар е Y. Во интервјуто за „Венити фер“, канадската пејачка, чие вистинско име е Клер Бушер, кажа дека бебето е родено во декември.
„Y се придружи на семејството во декември“, кажа Грајмс, појаснувајќи го својот моментален однос со газдата на „Тесла“.
„Би можела да го наречам момче, но ние сме доста отворени и често раскинуваме“.
Тие го добија синот X Æ A-12 во мај 2020. Маск има пет деца (близнаци и тројка) од бракот со канадската писателка Џастин Вилсон, додека нивниот првороден син починал од синдромот на ненадејна смрт кога имал само десет недели.