По минатогодишното ограничено издание, гламурот се врати во полн капацитет на Оскарите. Овојпат, никој не носеше маска, а и правилото за социјално дистанцирање беше олабавено.
На црвениот тепих имаше доста црвени фустани, а забележливо беше и враќањето на блескави тоалети и пренагласени силуети.