СЕГА Е ВРЕМЕ ДА СЕ БИДЕ БЛАГОДАРЕН ЗА ОВОЈ ЖИВОТ, ВЕЛИ РОНАЛДО ПО СМРТТА НА ЕДНО ОД НОВОРОДЕНИТЕ БЛИЗНАЧИЊА

Манчестер, (Скај)

Кристијано Роналдо сподели фотографија со новородената ќеркичка, која пристигна дома по трагичната вест за смртта на нејзиното братче. Еден од најдобрите светски фудбалери и неговата партнерка Џорџина Родригес, кои чекаа близнаци, во понеделникот објавија дека починал нивниот новороден син.

„Сега е време да се биде благодарен за овој живот. Ја чувствуваме сета љубов што ни беше пратена по смртта на нашето синче“, напиша Роналдо под фотографијата на Инстаграм.

Роналдо не го откри името на бебето. На семејната фотографија се и неговите останати четири деца, од кои ќерката Алана Мартина ја доби со Џорџина во 2017.

„Џио и нашето мало девојче се конечно со нас дома. Им благодариме на сите за убавите зборови и гестови“, додаде Роналдо.