НАЈСТАРАТА ЛИЧНОСТ НА СВЕТОТ ПОЧИНА НА 119 ГОДИНИ

Токио, (Би-Би-Си)

Јапонката која официјално се водеше како најстарата личност на светот почина на возраст од 119 години и 108 дена. Кане Танака била родена на 2 јануари 1903, во времето кога Јапонија полека станувала глобална сила. Се омажила пред еден век и имала четири деца, а последните години од животот ги поминала во дом за стари лица.

Со нејзината смрт, статусот на најстара личност на светот го презеде 118-годишната француска калуѓерка Лусил Рандон, попозната како сестра Андре.

Сопругот на Танака се борел во Втората кинеско-јапонска војна во 1937, а нивниот син во Втората светска војна. Танака официјално беше прогласена за најстара личност на светот во 2019, кога изјави дека е посреќна од кога било во животот.