ЖЕНИ ПРВПАТ ЌЕ БИДАТ СУДИЈКИ НА МАШКОТО СВЕТСКО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО

Нион, (Би-Би-Си)

Жени се делегирани да водат мечеви на Светското фудбалско првенство во Катар, што ќе биде прв таков случај во историјата на натпреварувањето. На листата судии за претстојниот Мундијал во Катар се најдоа и Стефани Фрапар од Франција, Салима Мукансанга од Руанда и Јошими Јамашита од Јапонија, на кои исто така ќе им асистираат жени.

Вкупно се избрани 36 главни и 69 помошни судии, како и 24 официјални лица за ВАР.

Со ова се затвора долг процес почнат пред неколку години со делегирањето судијки за машки јуниорски првенства на ФИФА. На овој начин јасно нагласуваме дека е важен квалитетот, а не полот“, изјави претседателот на Судискиот комитет на ФИФА, Пјерлуиџи Колина.