ДЕНИ БОЈЛ СЕ СВРТЕ КОН ПАНКОТ ВО НОВАТА СЕРИЈА ЗА „СЕКС ПИСТОЛС“

Лондон, (Ројтерс)

Членовите на „Секс пистолс“, Стив Џонс и Пол Кук, му се придружија на режисерот Дени Бојл на црвениот тепих за премиерата на новата серија „Пистол“, која го следи подемот и падот на легендарната британска панк група. Меѓу присутните не беше фронтменот Џон Лајдон, кој беше критичен кон проектот и дури најави тужба во обид да ја блокира употребата на музиката на „Секс пистолс“.

Екипата на серијата „Пистол“ (Фото: Гети)

Заснована врз мемоарите на гитаристот Џонс, серијата во шест епизоди ја раскажува неговата приказна за групата која постоеше само три години, но успеа да стане омразена кај британскиот естаблишмент и обожавана од бунтовната младина благодарение на своите анархистички ставови.

Членовите на групата ги играат млади и непознати актери, сите родени по нејзиниот распад.

На премиерата во Лондон дојдоа и оригиналните членови Стив Џонс и Пол Кук (Фото: Гети)

Никогаш не сум пеел порано и тоа е најпосебниот момент во оваа серија за мене. Секоја свирка што ја има во серијата е отсвирена во живо. Поминавме три месеци во камп за да научиме да свириме“, вели Енсон Бун, кој го игра пејачот Џони Ротен.

Во серијата се појавуваат и други легендарни ликови од тоа време, како Малколм Мекларен и Вивиен Вествуд. Пистол“ ќе се прикажува на „Дизни+“ и „Хулу“ од 31 мај.