Над 150 уметнички креации изработени од стотина студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се изложени во галеријата „Безистен“, прикажувајќи го нивното најдобро творештво од изминатата учебна година.
„Изложените цртежи и слики се израз на едногодишната работа на студентите од Ликовната академија од насоките класично сликарство и вајарство, додека нивни колеги од Институтот за архитектура и дизајн презентираат решенија на екстериерно и интериерно уредување, а експонатите од облека и мода се дело на студентите од Техничко-технолошкиот факултет“, вели деканката на Ликовната академија, Катерина Деспот.
Таа додава дека на Ликовната академија се активни 40 студенти.
Ваквите изложби веќе се традиција за Универзитетот, а годинашнава ќе биде отворена до 10 јуни.
Т. ЈОВАНОВСКИ