Холандската компанија „Лајтјир“ објави дека наесен почнува со производството на првиот електричен автомобил на светот кој ќе може да се движи и на соларен погон „Лајтјир 0“ ќе има заоблени соларни панели на покривот, хаубата и багажникот, кои ќе ја дополнуваат електричната батерија.
Од компанијата велат дека автомобилот ќе може да помине 620 километри со едно полнење, а ќе добие и дополнителни 70 километри на ден од панелите. Со еден час на сонце, батеријата се полни за десетина километри возење.
„Во жешки земји како Шпанија и Португалија, ако дневно возите до 35 километри, нема да морате да го полните автомобилот седум месеци. Во пооблачните земји како Холандија, ќе му треба полнење по два месеца“, велат од „Лајтјир“, додавајќи дека автомобилот тежи само 1.575 килограми.
„Слабите“ страни на автомобилот се брзината (максимално може да развие 160 км/час) и цената (250.000 евра). Планирано е да се произведе во 946 примероци.
И други компании развиваат соларни автомобили, но тие треба излезат од следната година.