Бијонсе го најави својот прв соло албум по шест години пауза, насловен „Ренесанса“ (Renaissancae), што треба да излезе на 29 јули. Тој следува по „Лимонада“, кој беше еден од најуспешните албуми во 2016 година.

Во меѓувреме, таа објави заеднички албум со сопругот Џеј-Зи и ја правеше музиката за римејкот на анимираниот филм „Кралот лав“, а лани сними една песна за филмот „Кралот Ричард“.

Минатата година, Бијонсе за „Харпер‘с базар“ најави дека работи на нов албум.

По сета изолација и неправда во изминатите години, мислам дека сите сме подготвени да избегаме, патуваме, сакаме и да се смееме повторно. Чувствувам дека доаѓа ренесанса и сакам да придонесам за тоа бегство на најдобар можен начин, па веќе година и пол сум во студио“, кажа Бијонсе.