Количеството никотин во цигарите што се продаваат во САД ќе биде намалено на минимум или на ниво што не предизвикува зависност. Овој план го објави Белата куќа, во обид драстично да се намали бројот на смртни случаи од рак, што е една од целите на владата на Џо Бајден.
Сепак, се очекува мерката да се соочи со отпор од тутунската индустрија.
Пушењето останува главната причина за смрт во САД, со 480.000 починати секоја година, според Центарот за контрола и превенција на болести.
„Планот за предложениот стандард на производи ќе утврди максимално ниво на никотин во цигарите и ќе ‘доврши‘ некои други тутунски производи. Ако цигарите и други слични производи се направат минимално зависни или независни, тоа ќе помогне да се спасат животи“, изјави шефот на Агенцијата за храна и лекови, Роберт Калиф.
Во 2020, 30,8 милиони луѓе во САД биле пушачи и се проценува дека 87% од возрасните пушачи почнале пред да наполнат 18 години.