Кошаркарот Џеди Осман и популарната турска актерка Ебру Шахин се венчаа во Охрид, родниот град на играчот на НБА тимот Кливленд Кавалирс. Свадбената веселба, на која присуствуваа роднини и пријатели на двојката, се одржа на брод на Охридското Езеро.
Тие ќе имаат уште една свадба на 7 јули во турскиот град Чешме.
Осман (26) и Шахин (28) ја почнале врската пред две години, а се свршија минатиот септември во Кападокија.
Осман е роден во Охрид, кошаркарската кариера ја почнал во сараевска Босна, а сега е турски репрезентативец. По шест години во Анадолу Ефес, во 2017 беше драфтуван во НБА од Кливленд.