Музичарот Давор Јордановски утре (8 септември) ќе го одржи концертот „Македоникум“ во црквата „Св. Софија“ во Охрид. Концертот ќе почне во 19:30 часот.
Ќе биде изведена авторска музика на Јордановски, кој ќе настапи на пијано, заедно со Сања Шуплевска на виолина, Марија Јакимовска на флејта, Петар Колевски на кларинет и Орце Ицкоски на фагот.
Концертот е дел од одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија.