СТАЛОНЕ ЛУТ ШТО ЌЕ СЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ИВАН ДРАГО, ГИ ОБВИНИ ПРОДУЦЕНТИТЕ ЗА АЛЧНОСТ

Лос Анџелес, (Вараети)

Силвестер Сталоне призна дека е разочаран што серијалот „Роки“ ќе се прошири со филм за еден од неговите најлути противници Иван Драго. Тој го обвини продуцентот Ирвин Винклер за алчност откако беше најавено дека студиото „МГМ“ ќе снима спиноф на „Крид“, кој пак е спиноф на „Роки“, што ќе се фокусира на семејството Драго.

Патетичниот 94-годишен продуцент и неговите алчни и бескорисни деца повторно го собираат она што останало од уште еден прекрасен лик. Им се извинувам на фановите на Роки. Никогаш не сум сакал тој да се експлоатира од алчност“, напиша Сталоне на Твитер.

Ладнокрвниот руски боксер Иван Драго беше ѕвездата на „Роки 4“ од 1985, а неговиот син Виктор Драго се појави во вториот дел на „Крид“ од 2018. Засега нема информации дали Долф Лундгрен и Флоријан Мунтеану ќе ги репризираат своите улоги, а не се знаат ни детали од содржината.

Пред да излезе овој филм, на 3 март 2023 ќе има премиера на „Крид 3“, во режија на главниот актер Мајкл Б. Џордан.