Годишниот проект на швајцарскиот уметник Франсоа Монту да гради глинени скулптури на брегот на реката Толер ова лето се разви во величествен комплекс замоци поради сушата што ја погоди западна Европа. Монту го почнал својот најнов проект со умерени амбиции пред шест недели, но сушата му дозволи да изгради цел град од кули.
Тој сега има мешани чувства: сака да заврне, но свесен е дека неговиот свет ќе исчезне кога ќе се случи тоа.
„Го замислувам животот на луѓето како шетаат под сводовите и по мостовите, гледаат во спомениците и гледаат во градот. Така влегувам во меур и станувам сонувач. Гледам како нивниот свет се создава под моите прсти“, вели Монту.
Тој е свесен дека ако сушата продолжи, тоа ќе биде катастрофа за природата, но и од самиот почеток знае дека неговото дело е привремено.
Во меѓувреме, посетителите можат да се воодушевуваат на волшебниот замок од глина, изграден близу родното село на Монту, Биер, во кантонот Вод.