Седумнаесетгодишен пилот е најмладиот човек кој летал соло низ светот со мал авион, откако денеска слета во Бугарија, каде што неговото патување започна пред пет месеци. Мек Радерфорд, со двојно белгиско-британско државјанство, слета на писта западно од главниот град на Бугарија, Софија, и ја заврши својата задача при што постави два рекорди во Гинисовата книга на рекорди. Освен што стана најмладиот човек кој сам лета низ светот, Радерфорд е најмладиот човек кој ја обиколи светот во ултралесен авион.
Радерфорд рече дека се надева оти неговото достигнување ќе ги инспирира младите луѓе да ги остварат своите соништа.
„Следете ги само вашите соништа, без разлика колку години имате – работете напорно и напредувајте за да ги постигнете своите цели“, рече тој откако излезе од авионот.
Неговата сестра Зара, која го заврши својот лет околу светот во јануари на 19-годишна возраст, претходно го држеше рекордот за ултралесно летало. Мек Радерфорд го презеде рекордот од Тревис Ладлоу од Британија, кој имаше 18 години кога самостојно релета околу светот минатата година.