ЏОНИ ШТУЛИЌ ОБЈАВИ НОВ АЛБУМ СО 42 ПЕСНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Легендарниот фронтмен на „Азра“, Џони Штулиќ, објави нов албум на својот канал на Јутјуб. Насловен „Каверн“, на него се наоѓаат дури 42 песни во вкупно времетраење од над два часа. Најголем дел од нив се досега необјавени авторски песни на Штулиќ.

Тој по вторпат за помалку од една година ги изненадува своите фанови со нов материјал, откако на 31 декември го објави албумот „Сплет“ со 28 песни.

Од распадот на Југославија, сега 69-годишниот Штулиќ живее во Холандија и нерадо разговара со колегите и новинарите. Тој е еден од најхаризматичните и најталентирани југословенски музичари од 1980-ите и во тој период објави седум студиски и два концертни албуми со „Азра“.