Блек Рок Сити, привремениот град во пустината во Невада, беше домаќин на речиси 80.000 луѓе од 28 август до 5 септември, кога се одржа првото издание на фестивалот „Брнинг мен“ по три години пауза.
Фестивалот со 36-годишна традиција го должи својот углед на утописки спектакл најмногу на уметниците кои во пустината ги изложуваат своите неверојатни инсталации.
Темата на годинашниот фестивал беше „Будни сништа: минати, сегашни и идни визии за нашата хипнагошка реалност“.
Фото: Џејн Ху