ПРИНЦОТ ЕНДРЈУ И НЕГОВАТА БИВША СОПРУГА ЌЕ СЕ ГРИЖАТ ЗА КУЧИЊАТА НА ЕЛИЗАБЕТА

Лондон, (Би-Би-Си)
EMBARGOED TO 1800 GMT Friday February 4, 2022. Queen Elizabeth II is joined by one of her dogs, a Dorgi called Candy, as she views a display of memorabilia from her Golden and Platinum Jubilees in the Oak Room at Windsor Castle. Issue date: Friday February 4, 2022. PA Photo. The Queen has since travelled to her Sandringham estate where she traditionally spends the anniversary of her accession to the throne - February 6 - a poignant day as it is the date her father King George VI died in 1952. See PA story ROYAL Jubilee. Photo credit should read: Steve Parsons/PA Wire

За кучињата на покојната Елизабета Втора отсега ќе се грижат нејзиниот син Ендрју и неговата бивша сопруга Сара. Војводата и војвотката од Јорк ќе ги преземат Мик и Сенди, два млади коргија, кои кралицата ги доби лани.

Кралицата чувала повеќе од 30 кучиња од расата велшки корги во текот на животот. Таа беше толку приврзана за кучињата што многумина се прашуваа што ќе биде со нив по нејзината смрт.

Ендрју и неговите ќерки Беатрис и Јуџин првично ѝ ги подарија кученцата Мик и Ферги, со цел да ја орасположат додека принцот Филип беше во болница. Ферги угина во мај лани, по што Ендрју ѝ подари ново кученце за 95. роденден.

Кучињата корги станаа синоним за британската монархија. Најголем дел од кучињата за кои се грижеше кралицата биле потомци на Сузан, кучето што го добила од татко ѝ за 18. роденден во 1944. Таа лично ги шетала и хранела кучињата и им избирала имиња. По смртта на Вилоу во 2018, Елизабета наводно веќе не сакала да има куче, но тоа се променило откако се разболел нејзиниот сопруг.

(Фото: Гети)