ДАНСКАТА КРАЛИЦА МАРГРЕТ СТАНА НАЈДОЛГОВЕЧНИОТ ЕВРОПСКИ МОНАРХ ПО СМРТТА НА ЕЛИЗАБЕТА

Копенхаген, (Гардијан)

Данската кралица Маргрет Втора стана најдолговечниот европски монарх по смртта на Елизабета Втора, а 50-годишниот јубилеј на тронот го одбележа со низа скромни прослави од почит кон својата трета братучетка.

Осумдесет и двегодишната Маргрет, која ужива голема популарност, сега е единствената кралица во Европа. Таа требаше да го одбележи големиот јубилеј во јануари, но прославите беа значително намалени поради пандемијата.

Големи прослави низ земјата беа планирани за овој викенд, но Маргрет самата одлучила тие да бидат придушени поради смртта на британската кралица. Притоа беа откажани процесија по улиците на Копенхаген и нејзино појавување на балкон.

По 50 години на тронот, кралицата Маргрет сега е најдолговечниот монарх на светот“, објави данскиот весник „Берлингске“ во петокот.

Таа беше крунисана на 14 јануари 1972 кога имаше 31 година. Во тоа време, само 45% Данци го поддржуваа кралското семејство, а денес тоа изнесува над 80%. Маргрет, која остана вдовица во 2018, е фалена за модернизацијата на институцијата монарх и што ги поддржа браковите на своите синови со жени кои не потекнуваат од благороднички семејства. Таа ќе биде наследена од синот Фредерик, кој сега има 54 години.

Султанот на Брунеи е на тронот 54 години, но неговата земја стана независна од Велика Британија дури во 1984.

(Фото: АП)